Можеби ова е токму за тебе ако...

  • Веруваш дека родителството не се сведува само на воспитување, туку и на развој на животни вештини.
  • Веруваш дека децата учат најмногу од тоа што го живееме, а не од тоа што им го кажуваме.
  • Веруваш дека вложувањето во себе е најголемиот подарок што можеш да му го дадеш на своето дете.
  • Сакаш детето еден ден да биде успешно, но уште повеќе сакаш да биде среќно.
  • Сакаш свесно да ја живееш родителската улога, без разлика на тоа како изгледа твоето секојдневие.
  • И ти, исто како мене, не бараш совршенство... туку раст.


Затоа го создадов #КЛУБзаРодители.

Место каде што родителите растат заедно со своите деца, затоа што верувам дека родителството е една од најважните школи за животни вештини.

Може ќе те изненади...

...но вештините што му се потребни на едно дете во паркот или училишниот двор се истите вештини што ни се потребни нам на состанок, во компанијата или дома.

Разликата е само во контекстот, вештините се исти.

Не можеме да го предвидиме светот во кој ќе живеат нашите деца. Но можеме да им помогнеме да ги развијат вештините со кои ќе знаат да се снајдат во секој свет.

Мојата желба е да растеме заедно со нив...

...за еден ден тие самоуверено да влезат во светот на ГОЛЕМИТЕ, а таму да продолжат да си „играат и да се забавуваат“ како што тоа безгрижно го прават денес.


Во #КЛУБзаРодители растеме заедно на три нивоа:

Родителот

  • Помалку реакција, повеќе разбирање.
  • Помалку вина, повеќе свесен избор.
  • Помалку „Што не е во ред?“, повеќе #КакоМОЖЕ.

Детето

  • Од емоции кон емоционална интелигенција.

  • Од проблеми кон решенија.

  • Од зависност кон самостојност.

Семејната култура

  • Од секојдневно преживување кон заедничко растење.
  • Од случајни реакции кон разговори што градат доверба.
  • Од добри намери кон мали ритуали што остануваат за цел живот.

Ако сакаш да дознаеш зошто верувам дека животните вештини започнуваат дома и како се роди #КЛУБзаРодители, те поканувам да ја погледнеш видео најавата.

#КЛУБзаРодители не е курс.

Не е ни еднократна работилница.

Тоа е место каде што, месец по месец и мал чекор по мал чекор, ги претвораме животните вештини во семејни навики.

Не ни требаат уште информации.

Ни треба структура што ќе ни помогне знаењето полека да стане дел од секојдневието.

Токму затоа #КЛУБзаРодители има свој ритам.


#ПрвПонеделник – УЧИМЕ

На едночасовна online средба истражуваме една животна вештина.

Тоа може да биде комуникацијата, емоциите, границите, благодарноста, конфликтите, мотивацијата, самостојноста, решавањето проблеми...

Не за да знаеме повеќе, туку за да понесеме дома една идеја што ќе ја пробаме во секојдневието и чекор по чекор ќе ја претвориме во навика.


#ВторВторник – ПРОБУВАМЕ

Преку порака во нашата Viber заедница добиваме покана да направиме еден мал чекор.

Тоа може да биде ново прашање, разговор, игра, предизвик или семеен ритуал што ќе го испробате дома.

Не за да направиме голема промена преку ноќ, туку за да откриеме што најдобро функционира во нашето семејство и полека да го претвориме во навика.


#ТретаСреда – ЗАБЕЛЕЖУВАМЕ

Преку порака во Viber застануваме да видиме што сме направиле поинаку.

Тоа може да биде една посмирена реакција, разговор што поминал подобро, нова навика или мал успех што лесно би можеле да го пропуштиме.

Не за да се споредуваме со другите, туку за да го препознаеме сопствениот напредок и да си дадеме причина да продолжиме.


#ЧетвртЧетврток – ПРОДЛАБОЧУВАМЕ

Преку порака во Viber отвораме простор за прашањата, дилемите и вистински родителски предизвици.

Секој член може да сподели своја тема, а кога има потреба, разговорот го продолжуваме преку групен coaching. Кога нема отворена тема, ја користиме пораката како покана за лична рефлексија и продолжуваме со сопствениот процес.

Се со цел да откриеме нова перспектива, ново #КакоМОЖЕ и следен чекор што можеме да го направиме.


Така знаењето не останува само инспирација. Полека станува навика, а навиките со текот на времето ја градат семејната култура што сакаме да ја живееме.

Но, верувам дека родителството не треба да го живееме сами.

Затоа #КЛУБзаРодители не е само место каде што учиме нови работи. Тоа е заедница на родители кои свесно избираат да растат заедно со своите деца.

Место каде што можеме да прашаме, да споделиме искуство, да добиеме поддршка и да сфатиме дека не сме единствените што се соочуваат со одреден родителски предизвик. 

А сега дозволи да ти кажам нешто и за мене...

Не го создадов #КЛУБзаРодители затоа што знам сè за родителството.

Го создадов затоа што повеќе од 20 години работам со луѓе.

Како HR професионалец, тренер и coach им помагам на луѓето да развиваат комуникација, доверба, лидерство, емоционална интелигенција и други животни вештини што им се потребни во работата.

Кога станав мајка, почнав секојдневните родителски предизвици да ги гледам низ знаењето што веќе го носев со себе.

Искрено? Понекогаш преговарањето со тежок клиент изгледаше полесно отколку да договориш со дете да легне во кревет во договорено време. 

И токму таму забележав нешто интересно. Светот на ГОЛЕМИТЕ и светот на децата не се толку различни како што мислиме. Вештините се исти. Разликата е само во контекстот.

Од тој момент почнав свесно да ги спојувам двата света.

Така се роди #КЛУБзаРодители – место каде што го споив моето искуство во HR, NLP и coaching со родителството, за да им помогнам на семејствата свесно да ги развиваат животните вештини што ќе им бидат потребни на децата денес, но уште повеќе утре.

Затоа што животните вештини што започнуваат дома, не остануваат само дома.

Сè повеќе компании препознаваат дека поддршката на родителите е вложување не само во благосостојбата на нивните сегашни вработени, туку и во генерацијата што еден ден ќе стане дел од нивните тимови.

Затоа #КЛУБзаРодители може да биде дел од ESG, wellbeing и програмите за поддршка на родители.

Развојот на идните вработени не започнува кога ќе се вработат. Започнува многу години порано – дома.

Кога компанијата инвестира во родителите, не инвестира само во подобра сегашност.

Инвестира и во подобра генерација на идни вработени.


Вратите моментално се затворени.

Во ноевмри 2026 повторно ги отвораме и потоа ги затвораме до мај 2027. Ако сакаш да не го пропуштиш следното отворање – остави го твојот омилен меил и ќе те известам.

Со уплата за ПРВО вклучување во #КЛУБзаРодители се добива 2 месечни членства и Планер за Среќни родители, а секој нареден месец, доколку се плаќате месечно, цената е 750 денари месец (прво вклучување се смета и повторно вклучување по направена пауза)

(ако избереш да останеш подолго, тоа е 23,5 денари дневно

Следно отворање: ноември 2026


Најчестите прашања што ми ги поставуваат родителите

Клубот е за родители, родители во најава (loading), родители на родители (баби и дедовци) кои сакаат да бидат во добро друштво на други слични на себе, а преку 4Д (Друштво, Доследност, Длабочина, Доверба - https://licenizbor.substack.com/p/4) да се нурнеме подлабоко во сите знаења кои веќе ги имаме, да ги продлабочиме и да ги ставиме во служба. Не е дека не знаме туку некогаш...

Не. 😊 Иако ќе има и такви елементи. #КЛУБзаРодители е место каде што знаењето полека станува секојдневна практика. Како човек кој повеќе од 20 години работи со едукација на ГОЛЕМИ, знам дека најголемиот предизвик не е да научиме нешто ново, предизвикот е да го живееме она што веќе го знаеме. Токму затоа постои Клубот.

Токму тоа е идејата на #КЛУБзаРодители. 😊 Повеќе од сигурно ми е јасно дека ние родителите, и покрај најдобрите желби и намери, не успеваме да направиме сè што сакаме. Не затоа што не знаеме, туку затоа што денот има само 24 часа. Во КЛУБот ќе најдеш инспирација, поттик и идеи... од мене и од други родители слични на тебе, кои сакаат да растат заедно со своите деца. Не мора да бидеш на секоја Zoom средба, не мора да прочиташ сè. Понекогаш е доволна само една идеја што ќе ја понесеш дома и ќе ја испробаш. А ако и ти често си велиш – Немам време..., те поканувам да го прочиташ и блогот „Што ако 15–20 минути се доволни?“ https://licenizbor.substack.com/p/15-20 😊

Додека постои #КЛУБзаРодители, можеш да бидеш и ти дел од него. 😊 Се надевам дека тоа ќе биде ДОЛГООО. Сè додека чувствуваш дека КЛУБот ти носи вредност преку дружење, размена, поддршка, учење и заедничко решавање на ситуации (народно познати како проблеми 😊), можеш да го продолжуваш твоето месечно членство. Во текот на месецот нема да ти одземе ни многу време, ни многу пари, а ќе ти биде партнер во доследно заживување и продлабочување на знаењето.

Нема проблем. Сите Zoom средби се снимаат и остануваат во библиотеката (достапни во видео и аудио формат), за да можеш да ги погледнеш кога тебе ќе ти одговара. Важно е Клубот да се вклопи во твојот живот, а не ти да го прилагодуваш животот на Клубот.

Да. Како член добиваш пристап и до библиотеката со претходните теми, видеа, предизвици, медитации, работни материјали и алатки. Не мора да брзаш. Секој материјал ќе те чека кога ќе бидеш подготвен за него.

Да. 😊 Имаме членови кои живеат и надвор од Македонија. Бидејќи #КЛУБзаРодители е online, можеш да бидеш дел од него без разлика каде живееш. За многу родители од дијаспората, Клубот е начин да останат поврзани со македонскиот јазик и култура, но и да добијат идеи, игри и материјали на македонски јазик што можат да ги користат со своите деца. На тој начин, негувањето на мајчиниот јазик станува природен дел од вашето секојдневие.

Овој КЛУБ е on-line за да може да се вклучат сите од секаде, да нема просторно ограничување или просторно оправдување. Без разлика каде живееш, потребен ти е само интернет и желба.

Благодарам од 💛 за твојот интерес. Вратите на #КЛУБзаРодители не се отворени постојано. Ги отвораме двапати во годината – во мај и во ноември. Ако моментално се затворени, остави го твојот e-mail и ќе добиеш известување кога повторно ќе се отворат вратите за нови членови.

Супер, им се радувам од 💛 на сите твои прашања и ги очекувам на меил [email protected] или [email protected]. Ако случајно не одговорам тоа значи дека не стигнале до мене, те очекувам, пиши ми пак.